РАБОТОДАВАЧИ

Стручното образование и обука може да даде значителен придонес за одржлив раст на економијата, додека лицата што завршиле СОО можат да дадат значителен придонес за успехот на компаниите. Квалификуваните ученици по завршувањето на училиштето за стручно образование и обука им помагаат на работодавачите да ги пополнат празнините во вештините и да остварат зголемување на продуктивноста. Според тоа, ниту еден систем за стручно образование и обука не може да биде успешен без вклучување на бизнис секторот. Ова произлегува од два главни аспекти:

  • Работодавачите се оние кои го креираат пазарот на трудот - еден од најважните фактори при креирањето на профили за стручно образование и обука. Редовните истражувања и континуираната соработка ќе ги обезбедат потребните информации и барања, така што учениците од училиштата за СОО ќе се стекнат со соодветните вештини во согласност со потребите на пазарот. Преминувајќи од образование кон вработување, работодавачите ќе бидат оние кои ќе ја преземат контролата врз стандардите на занимања, со што ќе осигурат дека се развиваат профили кои ќе одговорат на потребите на работодавачите;
  • Успехот на стручното образование и обука зависи од системите за учење во училницата и на работното место, кои треба да бидат воспоставени и меѓусебно да се поддржуваат. Практичната работа е од клучно значење за учењето, со цел учениците да излезат од училиштата за СОО подготвени да работат, а практичната работа е најдобро да се врши во вистинска работна средина. Зголемувањето на практикантите во вашата компанија ќе донесе поголема корист и за вас и за учениците во стручното образование и обука.   

Затоа, овој проект заедно со училиштата за стручното образование и обука и Центарот за стручно образование и обука ќе бараат бизнис-секторот да игра клучна улога и во подготовката и во спроведувањето на програмите за стручно образование и обука.  

 

Како работодавачите можат да ги искористат предностите од реформираните програми за стручно образование и обука?

Беа спроведени многу истражувања и консултации, со цел да се осигури дека реформираните профили ќе доведат до занимања што се поврзани со потребите на работодавачите.

  • Ги охрабруваме работодавачите да се поврзат со нивните локални стручни училишта, со цел да осигурат дека учениците ги поседуваат специфичните стручни компетенции што им се потребни на работодавачите;
  • Ги земавме предвид вашите трендови и процени за во иднина, со цел да подготвиме соодветни профили;
  • Вклучивме учење на повеќе меки вештини, со цел учениците да можат полесно да се адаптираат, да се пофлексибилни, подобро да комуницираат и да решаваат проблеми;
  • Ве покануваме да учествувате и да влијаете на развојот на стандардите на занимања и стручните профили, со цел тие најдобро да одговорат на вашите потреби;

Подготвивме наставна програма во која образованието се врши во согласност со Европската рамка на квалификации, бидејќи знаеме дека и вашите компании го следат овој пат.