Учев угостителство и туризам во училиштето за стручно образование „Ванчо Питошески“ во Охрид. Се запишав на тригодишната програма за да учам за готвач, а продолжив и во четвртата година за да станам хотелско-туристички техничар. Можам да кажам дека апсолутно вреди да се заврши стручно образование, особено бидејќи побарувачката за ова занимање е многу висока во моментов. Со практична работа започнавме уште во училиште, поради што за оние коишто се добри во она што го работат барањето работа беше многу полесно. Навистина е прекрасно кога си млад да располагаш со свои сопствени финансии коишто можеш да ги трошиш како сакаш и да не бараш пари од своите родители. Во оваа професија можете да остварите успех, како и во секоја друга – така, на пример, јас успеав да освојам трето место на меѓународен натпревар во Хрватска, каде што се натпреварував со натпреварувачи од повеќе од 10 земји од Европа. Секако, имам уште многу да учам и да се подобрувам како готвач. Работам многу и се надевам дека еден ден ќе станам светски познат готвач, како Џејми Оливер.