Новости

20 октомври 2017

Македонска асоцијација на дадилки на 16 октомври 2017, започна со спроведување на пилот-обуката за Педијатриска прва помош за негувателки на деца. Ова претставува прв историски чекор во зајакнување и професионализација на дејноста згрижување и нега на деца.

18 октомври 2017

„Искачував една планина и едвај ја искачив. Кога стигнав до врвот забележав уште еден врв кој морав да го освојам. Продолжив да се качувам и се искачив до крајот.” - Татко ми секогаш ми го раскажуваше овој сон.

05 Јули 2017

Тимот на проектот „Јакнење на доживотното учење“ финансиран од ЕУ, организираше обука за наставници и други релевантни кадри од отворените граѓански/работнички универзитети од општините: Скопје, Гостивар, Куманово, Штип, Неготино, Велес, Струмица и Свети Николе на тема „Методика и дидактика во образованието на возрасни“, којашто се одржа во Струмица во периодот

28 Јуни 2017

Европското здружение за образование на возрасни (ЕЗОВ) објави Манифест за учење на возрасните во 21 век, којшто предлага создавање на Европа која учи: Европа која умее да се соочи со иднината на позитивен начин и со сите потребни вештини, знаење и компетенции.  За ова се потребни моментални одржливи инвестиции на европско, национално, регионално и локално ниво на образование на возрасните.

21 Јуни 2017

Главна тема на обуката за „Управување со организации за образование на возрасни“, којашто се одржа во Велес во периодот 20-21 јуни 2017 година, беа неколку важни модели на управување кои можат да поттикнат професионален развој на менаџери од областа на образованието.  

04 Мај 2017

Во Битола на 19 април година и во Велес на 3 мај 2017 година беа организирани две обуки со посебен фокус на „Комуникациски вештини и односи со јавност“ за професионалци кои работат во областа на доживотно учење, стручно образование и обука и образование на возрасни.

21 Април 2017

Системот за стручно образование и обука (СОО) има клучна улога во подготовката на младите лица за работа и во развивањето на вештините кај возрасните.  Стратешкиот менаџмент во институциите за СОО и за образование на возрасни е една од клучните компоненти за успех и ефективност, како и за постигнување на добри резултати.

28 Март 2017

Какви проекти постојат? Каде се аплицира за финансирање? Како се пишуваат предлози за проекти? Како да се вклучите? - се дел од темите опфатени на работилницата со главна тема „Управување со проекти“, којашто се одржа во Охрид во периодот 27-28 март 2017 година.

24 Март 2017

Д-р Елинор Хасе, копретседавач на Меѓународното јазично здружение и поранешен генерален секретар на Европското здружение за образование на возрасни (ЕЗОВ) го водеше и го модерираше семинарот што се одржа во Берово на тема „Андрагогија: методи и техники на учење на возрасните“.

Pages