ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Работни места, вештини и важност на стручното образование и доживотното учење

 

Промовирањето на доживотното учење со истовремено давање придонес кон зајакнувањето и унапредувањето на интегрираниот систем што го поддржува неговото спроведување е во фокусот на проектот финансиран од ЕУ „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните“ што се спроведува од страна на Британскиот совет и неговите партнери во конзорциумот - Центарот за образование на возрасните и DVV International, за корисникот, Министерството за образование и наука.  

Главната цел на проектот е да воспостави динамична врска меѓу образованието и промените на пазарот на трудот, но и во севкупната социјална сфера.

Во рамките на Програмата за доживотно учење, Стручното образование и обука (СОО) и Образованието на возрасните (ОВ) играат фундаментална улога во подигањето на нивото на образованието и развивањето на вештините на младите лица и на возрасните, а со тоа обезбедуваат поддршка за можностите за вработување и социјалната инклузија.     

The Средното образование и обука е основната врска меѓу образованието и побарувачката за вработување. Тоа треба да биде во постојана врска со потребите на пазарот на трудот и да биде придвижено од потребите на претпријатијата. Стандардите и наставните програми на земјава ќе бидат соодветно ревидирани со замена на теоретското знаење што го содржат со знаење за вештини и практична обука. Системот за СОО на земјава треба да се базира на курсеви за образование и обука што се насочени кон обезбедување на јасни и релевантни резултати од учењето.
 
The Образованието на возрасните има примарна улога во ажурирањето и надградбата на знаењето на возрасното население и со тоа обезбедува поддршка на нивниот капацитет да останат на пазарот на трудот, да бидат мобилни и да се реинтегрираат во него. Ова е особено важно и за социјалната кохезија на земјата, особено со оглед на сегашната висока стапка на невработеност.

 

Овој проект има за цел да им помогне, да обезбеди поддршка и да ги зајакне капацитетите на националните институции во реформирањето на системите за СОО и системите за образование на возрасни. Тимот e цврсто решен да работи на реформирање на процесите, а не само на исполнувањето на проектните резултати. Поради фактот што проектот е насочен кон зајакнување на соработката помеѓу центрите за СОО и ОВ, сите активности се добро координирани со релевантните институции.

Целни групи и партнери на проектот се:

Државниот испитен центар

Државниот просветен инспекторат

Државниот завод за статистика

Универзитетите и високо-образовните институции

Единиците на локална самоуправа

Здруженијата на работодавачи

Коморите

Граѓанските организации

Овој проект, паралелно со спроведувањето на сите активности, посветува особено внимание на вклучувањето на ранливите групи и маргинализираните лица. Сеопфатните прашања што се однесуваат на родовата еднаквост, вклучувањето на лицата со хендикеп, малцинствата и возраста, исто така, се земени предвид.