Постојни стратегии што треба да бидат земени предвид се:
На системот за стручно образование и обука му се потребни постојани иновации во согласност со потребите на пазарот на трудот, за да се подобри стапката на вработување на младите и да се зголеми економската ефективност. Покрај тоа, младите треба да имаат можност да бидат обучувани за сите вештини што ги водат нивните природни таленти и афинитети.
Една од клучните интервенции на проектот е подготовка на Национална стратегија за доживотно учење 2016-2020 год. Средното стручно образование и образованието на возрасните претставуваат два столба на стратегијата што ќе биде подготвена во текот на проектот и ќе ја поддржи насоката на реформите на СОО и ОВ што се веќе утврдени во горенаведените секторски стратегии. Оваа национална стратегија ќе ги поддржи институциите - корисници во развивањето на визија за системот на доживотно учење во земјата.
Петте Компоненти на овој проект се меѓусебно поврзани и треба да вклучуваат активности за поврзување. Проектните активности се насочени кон: помагање на процесот на подготовка на стандардите на занимања и стандардите за квалификации, реформа на наставните програми за СОО и поддршка на спроведувањето на реформираните наставни програми, обука на наставници, директори на училишта за СОО и друг релевантен персонал. Исто така, проектот ќе jа поддржи подготовката, развојот и тестирањето на потребните програми за образование на возрасните во согласност со потребите на пазарот на трудот, ќе обезбеди поддршка за воспоставувањето и функционирањето на јавните институции за образование на возрасни на локално ниво, итн.
За да дознаете повеќе за конкретните активности на проектот по компонента, ве молиме пристапете кон нашата Листа на факти.
За повеќе информации во врска со проектот, ве молиме контактирајте со нас на [email protected].