Каква е мојата иднина со СОО?

Стручното образование и обука нудат разновидни можности, а сите тие зависат од вашиот избор. Во земјава има 73 училишта за СОО и вие можете да изберете едно од нив.

 

Она што е најважно, сите реформирани профили се базирани на пазарот на труд – што и да изберете, за истото е веќе утврдено дека тоа е нешто за кое има слободни работни места. Покрај тоа, постојат некои аспекти кои треба да се земат предвид:

  • Секогаш изберете образование за коешто имате афинитети – доколку имате советник за избор на кариера во вашето училиште или имате можност да се консултирате со таков советник, земете ги предвид нивните совети - тие се обучени за да ви помогнат да утврдите што е она што е најдобар избор за вас;
  • Разгледајте ги модулите, тие се нови во нашиот образовен систем - тие ви нудат флексибилност и можност за промена на фокусот во текот на образовниот процес; 
  • СОО е насочено кон практични знаења - бидете свесни дека без оглед на тоа кое занимање ќе го изберете, треба да сте подготвени да учите на практично ниво;
  • Размислете за иднината - што ви нуди конкретното училиште по завршувањето;
  • Обидете се да ги разберете трендовите - кои индустрии се во фокусот во моментов и кои занимања се најбарани.   

Листа на занимања за кои постои побарувачка во моментов или ќе постои побарувачка во иднина:

  • Продажба
  • Водоводџии
  • Кројачи
  • Техничари или оператори за преработка на храна
  • Занимања поврзани со градежништво
  • Занимања поврзани со угостителство
  • Занимања поврзани со туризам
  • Келнери и бармени
  • Бизнис и администрација
  • Грижа – деца и возрасни
  • Електрични инженери - телекомуникации
  • Електроничари
  • Машински инженери
  • ИТ техничари
  • Инженери во текстилната индустрија
  • Градежни техничари
  • Систем оператори
  • Фармацевтски техничари
  • Администратори
  • Машински техничари
  • Хемиски лаборанти
  • Графички техничари
  • Техничари - поставувачи на цевки за водоснабдување
  • Геодетски техничари
  • Оператори на телекомуникациска опрема
  • Изработувачи на клучеви и брави
  • Столари
  • Ѕидари со тула
  • Заварувачи
  • Заварувачи (со аргон)
  • Дрводелци
  • Работници за метални конструкции
  • Келнери
  • Готвачи
  • Слаткари
  • Пекари
  • Градежни работници
  • Градежни работници за одржување на објекти
  • Фасадери
  • Гипсери
  • Монтери на градежни елементи
  • Монтери на метални конструкции
  • Механичари, составувачи на батерии и акумулатори
  • Електроинсталатери
  • Работници за преработка на овошје и зеленчук, итн.
  • Чевлари
  • Работници во земјоделството, лозарството и градинарството
  • Рачни пакувачи, итн.
  • Градежни техничари
  • Ѕидари
  • Придружници при патување
  • Водичи
  • Професионалци за организирање настани
  • Водичи за алтернативен туризам
  • Ресторантски услуги
  • Послужување на вино
  • Бармени
  • Собарки
  • Општо одржување
  • Месари
  • Рударски инженери за подземни ископи
  • Рударски инженери за преработка на минерални суровини
  • Пеглачи
  • Шивачи
  • Кожарска индустрија
  • Моден дизајн
  • Одржување на текстилни машини
  • Ракувачи со стругалка
  • Автомеханичари
  • Ракувачи со виљушкар
  • Машински техничари
  • Електричари - монтери
  • Електричари
  • Електротехничари
  • Оператори во електрична централа
  • Оператори на преработувачка опрема
  • Агрономи
  • Земјоделски инженери
  • Работници во мелница
  • Прехранбена индустрија – варење пиво
  • Контролори на квалитетот
  • Логистика
  • Хемиски техничари
  • Филигранисти
  • Електричарски, металски и механички занимања
  • Електроинженери
  • Мехатроничари
  • Одржувачи на машини
  • Оператори на CNC машини
  • Оператори со универзална глодалка
  • Оператори со универзална фреза
  • Стругари
  • Геолошки техничари
  • Рударски техничари
  • Канцелариски службеници
  • Царински службеници
  • Оператори за хемиска преработка на гума
  • Конфекционери
  • Технолози
  • Лабораториски техничари
  • Прехранбени техничари
  • Кројачи
  • Угостителство
  • Туристички работници
  • Рецепционери
  • Монтери на соларни панели
  • Општи поправки во домаќинството
  • Дрвна индустрија
  • Текстил
  • Преработка на храна
  • Одржувачи на земјоделска механизација
  • Оператори на кранови и дигалки

ИНТЕРЕСЕН ФАКТ

Во Финска - земја која ужива углед на земја со еден од најдобрите образовни системи во светот - 45% од учениците избираат техничка насока, а не академска насока, по завршувањето на основното образование.